Вага
Љубов – Добар совет би бил и тоа како да го искористите месецот за да го подобрите односот со саканата личност, да решите некои заеднички прашања кои ве мачат и дополнително да се врзете еден со друг и да се усогласите, како и да ја стабилизирате вашата врска.
Работа – Можете да очекувате пораст на вашето влијание во работното опкружување и со тоа, добри можности за напредување и развој. Меркур малку ќе ве кочи кога станува збор за договори, но за брзо време ќе се ослободите од оваа блокада и ќе навлезете во период кога промените во партнерските односи ќе бидат во ваша корист.
Здравје – Започнете нов режим на исхрана и фрлете се на спорт.
Шкорпија
Љубов – Полната месечина во вашиот знак може да донесе зголемување на љубомората и сомневањето, а ако саканата личност после тоа покаже некои знаци дека обрнува внимание на некој друг, тогаш проблемите надоаѓаат.
Работа – Навикнавте работите да ги завршувате во последен момент. Добрата позиција на вашиот владетел зборува за силна иницијатива, активности во контактите со бизнис партнерите и соработниците. Колку и да се подобрат вашите финансии во мај, сепак ќе морате да бидете внимателни во овој сегмент во текот на последната недела.
Здравје – Проблеми со стомакот.
Стрелец
Љубов – Некои од вас ќе успеат напнатите аспекти да ги контролираат и да ги пренасочат на друга страна. За слободните Стрелци – Венера повторно се наоѓа во вашето поле на љубов и забава и сигурно ќе бидете расположени за контакти со спротивниот пол.
Работа – Некои промени конечно ќе заживеат, после неколку пати одложување. Исто така, вашите идеи и креативни решенија ќе можат да најдат пат до заинтересираноста. Бизнис партнерите и соработниците ќе бидат активни кон вас и нивните страни можете да ги очекувате во текот на втората половина на месец мај.
Здравје – Одлично!
Што треба да знаете ако сте во врска со Стрелец?>>>
Јарец
Љубов – Време е сега да излезете од мрачната фаза бидејќи во вашето поле на домот и семејството повторно доаѓа Венера. Потрудете се да најдете доволно време еден за друг, и конечно да надминете некои прашања од минатото и успешно да ги решите.
Работа – Средете го она што сте го пропуштиле, и проверете ги сите обврски за случајно да не пронајдите некоја грешка. Сето ова е неопходно за со мирна глава да влезете во вториот дел од месецот, кој според вас, е доста поволен.
Здравје – Занимавајте се со некоја физичка активност.
Водолија
Љубов – До крајот на мај сигурно ќе уживате со вашата сакана личност. Доколку сте слободни, вашите љубовни шанси ќе ги имате во изобилие во текот на овој период. Прашање е само што сакате – дали сакате сериозност или сакате да се забавувате, не размислувајќи што ќе биде утре?
Работа – За вас единствено проблематичен ќе биде крајот на месец мај бидејќи тогаш може да дојде до конфликт со личноста со која долги години соработувате.
Здравје – Обидете се да се одморите и релаксирате.
Риби
Љубов – Доста ви е нон стоп да се враќате на едно исто, па ќе се потрудите конечно да ставите точка на одредени ситуации. Од почетокот на втората половина работите ќе се променат на подобро – ова е период кога вие и вашата сакана личност сте подготвени за комуникација.
Работа – За вас во финансискиот сегмент е променлива втората половина од месецот кога може да направите киксови, погрешно да инвестирате и сл.
Здравје – Стресот и нервоза предизвикуваат пад на имунолошкиот систем.