Ви припремивме фотки од најновиот модел на Mercedes SL, скоро три години пред истиот да го направи првото официјално појавување во јавноста, на Парискиот Саем 2012.
Она што е видливо на овие набрзина направени фотографии е класичната предница на Mercedes, релативно долгиот преден дел и задната доработка и металниот покрив. Она што ќе биде ново кај SL-от е предната решетка, која треба да биде во согласност со новите правила за заштита на пешаците на ЕУ – демек помалку ќе ги боли кога ќе ги тресне со околу 300 на саат. Па така за очекување е колава да има некое ептен елегантно место за третото светло за сопирачките, но….
Иако фотките кои ќе ги видите подолу не се од баш најдобар квалитет, сепак уште од прва јасно ќе ви покажат дека новиов Mercedes SL во доста моменти има ’вградено‘ американски шмек во изгледот. А од друга страна производството му е замислено доста патриотско. Имено, иако овој пробен модел е направен во фабриката во Bremen, следната генерација, односно онаа што се планира да влезе во сериско производство ќе се прави во стандардната фабрика во Stuttgart – делумно за да се помогне во зачувувањето на работните места (бидејќи дел од производството за класата C ќе се прави во Америка).
Енивеј….видете за што ви говориме…
Врати се на прва страна.