Менаџерката на Тоше Проески беше БЕЗМИЛОСНА кон најголемата љубов во неговиот живот (фото)
Еве како изгледа денес најголемата љубов на Тоше Проески

Непребол…
Тоше Проески почина во страшната сообраќајна несреќа што се случи во 2007 година, несреќа што го потресе целиот регион.
Но сеќавањето на него не бледее, посебно кај неговите најблиски и бројните обожаватели што Тоше ги имаше насекаде.
Инстаграм/ Тоше Проески
Пред да згасне неговиот живот, Тоше беше во врска со една од тогашните најдобри ракометарки, Андријана Будимир.
Последната порака на Тоше
Нивната врска беше позната во јавноста, а Тоше секогаш за својата сакана зборуваше со голема љубов.
Инстаграм/ Тоше Проески
Впрочем Тоше ја спомна и во неговото последно интервју во медиумите, а по неговата смрт се појави и последната СМС порака што тој и ја испратил на саканата, непосредно пред сообраќајна несреќа.
Во пораката тој со нежни зборови и се обраќа на Андријана, истакнувајќи дека е пресреќен што повторно се заедно.
„Принцезо моја единствена, ќе те чувам во сон. Сè има смисла откако повторно си во мојот живот. Те сакам“ ѝ напишал Тоше во пораката, непосредно пред да потоне во вечниот сон.
Инстаграм/ Андријана Будимир
Големата болка никогаш не помина, но животот мораше да продолжи…
Поранешната спортистка денес е среќно омажена жена и мајка, а работи како тренер во својот ракометен клуб Скопје.
Инстаграм/ Андријана Будимир
Таа неодамна се појави во една емисија, и како што самата вели, од сала не излегува, тренирајќи ја својата екипа.
Инстаграм/ Андријана Будимир
Андријана и денес е препознатлива по својата убава руса коса, а како изгледа, погледнете од снимката во продолжение…
Проблеми со менаџерката
По смртта и погребот на Тоше, неговата менаџерка Љиљана Петровиќ јавно тврдеше дека тој никогаш не бил во врска со Будимир.
Таа заради тоа реши да ја тужи менаџерката на суд, и потоа го доби спорот, а како доказ беа приложени и бројните СМС пораки што си ги разменувале со Тоше. Адријана потоа, во една пригода, откри дека решила да го направи тоа за да докаже дека менаџерката на Тоше, која претходно не му дозволувала да биде со неа, бескрупулозно ја лаже јавноста и дека не го направила тоа за пари.
Фејсбук/ Андријана Будимир
„Таа жена ми го уништи животот и угледот, па луѓето, кога ќе ме видеа на улица, ме прашуваа дали навистина бев со него или не“, истакна своевремено за медиумите Будимир која во тоа време беше врвна спортистка.
Потсетуваме, Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во страшна сообраќајна несреќа што се случи во Хрватска.
Покрај неговата последна СМС порака која што ја има испратено до својата најголема љубов во животот, а за која што тогаш пренесуваа медиумите, големо внимание предизвика и неговиот последен разговор и тоа со една наша позната пејачка.
Повеќе за ова, прочитајте тука…