Мелита Ракичевиќ со години ја критикуваат дека користи Фотошоп, а таа се уште тера по свое и се бламира пред сите
Нашата поранешна водителка често знае да си поигра со нејзините фотографии во Фотошоп, па на сите да го покаже резултатот
Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ не престанува од пренагласеното обработување на фотографиите, а таквите нејзини интервенции не ретко се проследени и со негативни коментари на социјалните мрежи. Имено Мелита со помош на овој програм понекогаш знае да одземе по некое килце или да ги сокрие брчките и кожата од портокал, но и да додаде онаму каде што треба, а како резултат на лошиот Фотошоп не може да ги сокрие искривените ѕидови во нејзиниот дом, но и бројните негативни коментари од разочараните фанови од кои повеќето се согласуваат дека таа изгледа топ за нејзина возраст и дека нема потреба да го прави тоа.
Но Мелита очигледно не ја загрижуваат премногу лошите коментари и продолжува да објавува фотографии на кои интервенцијата е и повеќе од очигледна, а некои од нив можете да видите во продолжение.