Новости

Мелина Џиновиќ се вери со 69-годишниот богаташ, живее во луксуз од невидени размери – еве која славна жена им била „наводаџика“

По разводот од пејачот Харис Џиновиќ, Мелина најде нова љубов. Станува збор за 69-годишен успешен бизнисмен. Веридбата се случила во Монако, каде што парот живее во луксуз вреден неколку десетици милиони евра.

Advertisement

Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, поранешна сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, во саботата се свршила со богатиот бизнисмен со кого се забавува извесно време,и сега ужива во љубовта и во раскошниот живот во Монако.

принтскрин јутјуб

По разводот, Мелина го вратила своето моминско презиме Галиќ, но според пишувањата на српските медиуми, наскоро повторно ќе го промени и ќе го преземе презимето на својот свршеник, со кого живее во еден од најексклузивните делови на кнежеството.

Advertisement

Нивната веридба се одржала во интимна атмосфера во Монако, каде што дизајнерката без двоумење рекла „да“. Според блиски извори, летото го минале на неговата 48-метарска јахта, патувајќи низ најлуксузните светски дестинации.

Домот во кој живеат, вреден неколку десетици милиони евра, се наоѓа во зграда со уникатна архитектура и поглед на морето и на главниот булевар.

принтскрин јутјуб

Извор близок до дизајнерката за босанските медиуми открива дека Мелина веќе живее во станот на својот вереник, познат и успешен бизнисмен кој ѝ овозможил и нов бизнис – продажба на нејзините креации во луксузен бутик во Монте Карло.

Advertisement

Интересно е што нивното запознавање го овозможила прочуената Славица Еклстон, поранешната сопруга на сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон, една од најбогатите жени во Велика Британија, а по потекло од Хрватска.

„Се запознале на една вечера во Монако и веднаш се создала меѓусебна хемија. Тој е успешен, дискретен и шармантен, а таа го освоила со својата харизма и стил“, открива извор близок до парот.

Ќерката на Харис и Мелина, Џина Џиновиќ, често ја посетува мајка си во Монте Карло, а чест гостин е во ВИП ложата на Формула 1.

Потсетуваме, Мелина и Харис Џиновиќ имаа долг брак кој заврши минатата година. Таа отсекогаш нагласувала дека разликата во годините никогаш не била пречка, туку напротив, животна предност.

Сега, по разводот, Мелина повторно блеска во љубов и ужива во новата животна фаза, далеку од јавноста и пд медиумскиот притисок, во гламурозното Монако.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button