Реклама
Холивуд

Меланија во тесни бели фармерки и чевли што ќе ви го одземат здивот

Реклама

Меланија и Доланд Трамп се појавија на овогодишниот Супербол на Флорида

Првата дама на Америка изгледаше прекрасно и покрај тоа што некои медиуми ја опишаа со „камен израз на лицето и нерасположена“. Наводно, таа беше бесна бидејќи веќе со недели се шушка за нејзината расправија со претседателот Трамп поради неговиот испад со порно актерката Сторми Даниелс која тврдеше дека имала афера со него во 2006 година, откако Меланија го роди синот Барон. Но без разлика на нејзиниот студен поглед, таа изгледаше сензационално и покрај тоа што носеше комбинација за која се гледа дека не се трудела премногу. Имено, во прашање се бели skinny фармерки од „J Brand“ и свилена бомбер јакна во сино-црвена боја. Таа со оваа јакна им одаде чест на „New England Patriots“ – тимот за кој навиваше со нејзиниот сопруг , а целото издание дополнително го „подигна“ со елегантни високи потпетици во сина боја од „Christian Louboutin”.

Маркетинг

Па, што велите за ова издание на Меланија? Напишете ни во коментарите, би сакале да го слушнеме вашето мислење…

Маркетинг

Поврзано

Back to top button