Холивуд

Меланија Трамп е без конкуренција и кога омилените лобутинки ќе ги замени со старки

Advertisement

Кога Меланија наместо лобутенки ќе облече старки

Advertisement

Меланија во градината на Белата куќа ги угости учениците и членовите на програмот „Boys and Girls Clubs of America“ кои на децата ширум САД им обезбедуваат воншколски активности, а една од таквите програми вклучува и посета на Белата куќа.

Меланија сериозно ја сфати улогата на домаќинка па со учениците се прошета низ градината. Но она што можеме да го забележиме е дека нејзиниот стајлинг не страдаше поради градинарските активности туку 47 годишната Прва дама и во ова неформално издание изгледаше беспрекорно. Овој пат станува збор за тесни црни фармерки, култните старки наместо нејзините омилени лобутенки и тренди есенска кошула со кариран дезен со потписот на модната куќа Balmain (која во продавниците се продава по цена од 1380 долари!).

Advertisement

Иако Меланија може да носи што и да посака, проблемот настанува кога се набљудува настанот на кој присуствува – модните критичари и замеруваат што во фустан од 3000 долари е неприкладно да зборувате за гладта на децата, како и да носите кошула од 1380 долари за градинарски активности. Токму поради ова настана и голема дискусија на социјалните мрежи во која едни ја подржуваат Меланија, но други ја напаѓаат поради прескапите стајлинзи.

Но во еден од коментарите кој исто така беше споделен на Твитер беше објавена и фотографија на која се гледа комбинацијата што Мишел Обама ја носеше на истиот настан пред неколку години. Имено таа во градината со децата се појави во црни чизми од „Jimmy Choo“ од 1150 долари, па многумина ги критикуваа либералите зошто тогаш не се бунеле за стајлингот на Првата дама, туку сега од петни жили ја напаѓаат Меланија.

Како и да е, заклучокот е дека Првите дами на Америка (па и на останатите земји во светот) традиционално носат скапи работи, и дека можат да носат што сакаат, бидејќи тоа на крајот на краиштата и не е наша работа, туку на даночните служби. Препукувањата околу тоа дали Меланија требало или не во градина да се појави во кошула од 1380 долари кога исто таква можела да најде и од 30, не е партизанско прашање околу кое што треба да водиме војна.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button