Холивуд

Меланија Трамп изгледа беспрекорно без разлика дали носи патики или лобутинки!

Advertisement

Ново прекрасно издание на Меланија

Advertisement

Поранешната манекенка родена во Словенија се појави во пастелно издание со кое предизвика воодушевување. Атрактивната 47 годишна Меланија која може да се пофали со тело како од соништата изгледаше прекрасно со својот аутфит што го носеше на мисата за жртвите на ураганот Харви во црква во Вашингтон.

Таа носеше елегантен фустан во розова боја во комбинација со капут од Макс Марин во светло сина нијанса, лежерно префрлен преку рамениците и опасни високи потпетици од Кристијан Лубутен од кого познатата Словенка не се откажува, па дури и по неодамнешните критики што ги доби при нејзината посета на поплавените региони во Тексас.

Меланија тогаш предизвика негативни коментари кога се појави со бомбер јакна во маслинесто зелена боја, панталони со цигара крој и високи потпетици од 12 сантиметри од Маноло Бланик.

Доналд и Меланија Трамп ги посетија жртвите од ураганот Харви во Тексас, а првата дама ги воодушеви сите со нејзините плитки зелени старки, тесни темнозелени панталони и тренди тексас кошула.

Таа носеше спортска комбинација и претходно, кога во патиките Стен Смит се појави при излегување од авионот и ги воодушеви сите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button