CelebrityНовости

Меланија Трамп преку модниот избор испрати порака на инаугурацијата на сопругот – „Ти благодариме, пораката е примена!“

54-годишната прва дама избра необична „строга“ облека за настанот, со темносин капут и темносина шапка со бела лента. Но пораката е во деталите.

Advertisement

Во Вашингтон се одржа инаугурацијата на 47-от претседател на САД, Доналд Трамп, а во Белата куќа пристигна целото семејство на новиот претседател, вклучувајќи ја сопругата Меланија Трамп, децата и внуците.

Пред церемонијата, политичарите традиционално се собраа во протестантската црква Свети Јован во близина на Белата куќа. Таму се одржа богослужба со учество на Трамп, по повод неговиот прв настан на Денот на инаугурацијата.

Advertisement

78-годишниот Доналд Трамп на инаугурацијата се појави во класичен костум со светла вратоврска и темносино палто.

54-годишната прва дама избра необична „строга“ облека за настанот, со темносин капут и темносина шапка со бела лента.

Advertisement

Меланија повторно воодушеви со стилот и елеганцијата.

Палтото што го носеше е од американски дизајнер, а специфично е по двојното запетлување и нагласениот струк. Акцентот е всушност на деталите.

Шапката ја потпишува американскиот дизајнер Ерик Јавитс, а корисниците на мрежата Икс го поврзаа со дизајнерот кој стоеше зад изгледот на Џенет Џексон во спотот за песната „Алрајт“ („Во ред“), па напишаа – Ти благодариме Меланија, пораката е примена. Се ќе биде во ред.

Но тоа што секоја жена можеше да го забележи беа нејзините чевли од познатиот бренд „Маноло Бланик“.

Темносините чевли од антилоп имаат високи потпетици и чинат 793 долари.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button