Реклама
BEAUTYНега и здравје

Меланија Трамп: Генетика или пластична хирургија? Пластичен хирург го анализира изгледот на првата дама

Меланија Трамп отсекогаш импресионирала со својот софистициран изглед, кој стана предмет на дискусија за можните козметички интервенции. Гласините за нејзината пластична операција кружат со години, но експертите не секогаш се согласуваат. Познатиот пластичен хирург Дмитриј Слосер го анализирал нејзиниот изглед и ги сподели своите мислења.

Реклама

Меланија Трамп, поранешната и сегашната прва дама на САД, отсекогаш привлекувала внимание со својот софистициран изглед.

Нејзиниот беспрекорен изглед предизвика многу дискусии во врска со можните козметички интервенции.

Гласините за пластична хирургија ја следат Меланија веќе неколку години, но експертите не секогаш се согласуваат. Сега, познатиот пластичен хирург од Русија, доктор Слосер, ги коментира можните промени во нејзиниот изглед.

Маркетинг

Експертот забележува дека изгледот на Меланија во голема мера е определен од нејзината генетика. Високите јаготки, широките агли на вилицата и хармоничните црти на лицето ѝ помагаат да го одржи младешкиот изглед и без значителни интервенции.

„Таа е словенечки топ модел и отсекогаш изгледала одлично. Таа по природа има прекрасна генетика – високи јагодички, широки агли на вилицата. Луѓето со таква генетика го одржуваат својот изглед младолик многу долго без значителни интервенции и промени”, нагласува докторот.

Маркетинг

Лекарот привлекува внимание и на употребата на козметички процедури, кои сега станаа стандардни за јавните личности. Според него, Меланија веројатно прибегнала кон инјекции на ботокс.

„Таа дефинитивно има направено некаква естетска хирургија – не се сомневам. Веројатно направила ботокс на челото. За тоа сведочат нејзините веѓи кои благо се паднати. Ова се случува кога мускулите се опуштаат поради долгорочна употреба на ботокс“, објаснува докторот.

Некои пластични хирурзи сугерираат дека Меланија веројатно направила затегнување (кревање на кожата)на лицето ина вратот. Ова го потврди и д-р Слосер.

„Постојат хирурзи кои вршат ваков тип на операција без видливи лузни, но ушната школка на г-ѓа Меланија ја оддава. Можете да видите дека е донекаде повлечена кон нејзиниот врат“, забележал хирургот, анализирајќи ги фотографиите на Меланија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)

Сепак, лекарот тврди дека немало никаква интервенција на носот и на усните кај Меланија.

„Слушнав мислење за ринопластика, но не се согласувам со тоа, г-ѓа Меланија на млада возраст имаше нешто пополно лице, но со возраста, поради природното намалување на масното ткиво, носот може да изгледа поинаку. И ова е апсолутно нормално“, нагласи хирургот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button