Меланија ѝ сврте грб на Олена Зеленска – „пукна“ скандал меѓу двете први дами
Наместо историски состанок за судбината на украинските деца, првата дама на САД избра краток говор за својата иницијатива, оставајќи ја украинската колешка без глас во моментот кога очајнички бараше поддршка.

Во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, дипломатската сцена доби неочекувано драматичен пресврт. Меланија Трамп, првата дама на САД, стана центар на вниманието не само поради промоцијата на својата глобална иницијатива за благосостојба на децата, туку и поради одлуката да не одржи формален состанок со украинската прва дама, Олена Зеленска.
Со други зборови, Меланија одбила да се сретне со Олена.
Advertisement
Настанот, одржан во раскошната позлатена сала и со кристални лустери, требаше да ја покаже меката моќ на американската дипломатија. Но наместо тоа, заврши со скандал.
Додека Меланија зборуваше за заштита на децата од штетните ефекти на технологијата, Зеленска стоеше на неколку метри од неа, во обид да воспостави контакт, барем со очи, до што воопшто не дојде.
Понижување на украинската делегација
„Овие деца не можат да чекаат цел живот“, порача Зеленска претходно, но истиот ден, на друг собир во Њујорк, повикувајќи на меѓународна акција за враќање на повеќе од 20.000 украински деца кои биле присилно одведени во Русија. Таа истакна дека досега се вратени само 1.625 деца, што е „капка во морето“ во споредба со вистинската бројка.
За Зеленска, состанокот со американската прва дама требаше да биде клучен момент. Намерата била да ѝ објасни дека борбата за децата не е само украинско прашање, туку глобален морален тест. Наместо тоа, доби само „поздрав од пристојност“.
Советникот на Меланија, Марк Бекман, отворено изјави за медиумите: „Нема ништо закажано формално. Нашата прва дама само ќе ја поздрави госпоѓата Зеленска од учтивост, но нема договорен сериозен состанок, ниту суштински разговор“. Оваа реченица, цитирана од повеќе американски медиуми, се протолкува како јасен сигнал дека Белата куќа не сака дополнително да се вклучува во ова чувствително прашање.
Контрадикторни пораки
Она што скандалот го прави уште поголем, според странските медиуми, е фактот дека Меланија само пред еден месец испратила писмо до Владимир Путин, повикувајќи го да преговара за мир „поради невините деца“. Писмото лично му го предаде претседателот Доналд Трамп за време на самитот на Алјаска. Тој потег предизвика надеж во Киев дека американската прва дама ќе биде отворена за подлабока дискусија.
„Меланија претходно ни прати порака дека сочувствува со нашата болка. Денес не добивме ништо освен молк“, изјавил висок украински дипломат за британски „Мирор“.
Според сведоци на настанот, Зеленска била видена како чека покрај лифтот во салата, надевајќи се дека ќе се отвори можност за краток разговор.
Но до таква пригода не дошло. Американскиот магазин „The Cut“ напиша дека „моментот изгледаше како симболичен одраз на судирот меѓу протоколот и хуманоста“.
Пораката што ја испрати Меланија
Со своето однесување, Меланија испратила повеќеслојна порака. Официјално, преку говорот, таа ги повика првите дами и сопружничките на светските лидери да се приклучат кон нејзината коалиција за заштита на децата и за дигитална безбедност. Но нејзиното одбивање да разговара со Зеленска беше протолкувано како сигнал дека прашањето на украинските деца нема да стане дел од агендата на оваа иницијатива.
Американските медиуми известуваат дека протоколот бил внимателно организиран за да се избегнат директни средби.
„Сè беше испланирано до последен детаљ. Првата дама ја заврши својата порака и веднаш ја напушти салата, оставајќи многумина збунети и разочарани“, пишува Си-ен-ен.
Украинските претставници го нарекоа потегот „срам за дипломатијата“ и предупредија дека ваквиот игнорантски однос испраќа лош сигнал кон жртвите на војната.