Меѓу повредените од пожарот и вујкото на победничката во Ѕвездите на Гранд – но Џоче не успеа да се спаси!
Пејачката се збогуваше и од својот сограѓанин, тапанарот на ДНК, Ѓоко Ѓоргиев (25),кој загина во пожарот...

Голема тага и болка во цела држава…
Во страшниот пожар што се случи во Кочани животот го изгубија 59 лица, а преку 190 се повредени и се на лекување во болници.
Меѓу повредените е и роднина на победничката во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Славица Ангелова.
Како што откри и таа самата за „Гранд“, меѓу повредените е и нејзиниот вујко, кој за среќа е вон животна опасност.
Принтскрин/ Јутјуб
И како што изјави поранешната победничка во „Ѕвездите на Гранд“, таа се уште е во шок од тажните вести и не може да си дојде при себе. Тоа може да се забележи и од емотивните објави на социјалните мрежи, каде пејачката сподели неколку емотивни објави кои што многумина натажија.
Принтскрин/ Инстаграм
Таа сподели и една снимка од ДНК, а како што изјави за „Гранд“, многу и е жал што немала прилика да соработува со нив.
Принтскрин/ Инстаграм
Тие се мојата омилена група, обожавав да одам на нивните настапи, откри Славица во интервју за порталот на „Гранд“.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, во страшната несреќа што се слуи на концертот на ДНК во Кочани загинаа 59 лица, а преку 190 се поведени.
Покрај Андреј загинаа уште седум други членови на бендот, а Владимир Блажевски Панчо е тешко повреден, но е во стабилна состојба.
Принтскрин/ Инстаграм
Тој моментално се наоѓа на лекување во Систина, а како што соопшти за медиумите нашата пејачка Тијана Дапчевиќ, Панчо се уште е во тешка и критична состојба, но полека закрепнува.