Огласи
Стил

Еве колку чини жолтиот летен фустан на Меган Маркл кој е поинаков од сите останати што досега ги носеше војвотката

advertisement

На приемот на организацијата „Commonwealth“ војвотката од Сасекс покажа едно од најсмелите изданија од венчавката.

Поранешната актерка, атрактивната 36-годишна Меган Маркл на приемот на организацијата „Commonwealth“, на која Хари е претседател, се појави во едноставен, но впечатлив жолт фустан со потписот на познатиот американски дизајнер Брендон Максвел кој со години се грижеше за стајлингот на екстравагантната пејачка Лејди Гага.

реклама

Фустанот што го носи Меган чини $523

Нејзиниот избор во жолта боја изненади многумина ако земеме во предвид дека во претходниот период најчесто избираше модели во неутрални бои, а воедно со впечатливата нијанса на фустанот асоцираше и на комбинацијата што ја носеше Амал Клуни на кралската венчавка.

Марpкетинг

 

Фустанот веднаш беше разграбан од познатите продавници што е општо познато речиси за сé што ќе го облече Меган. Во прашање е модел со средна должина, без ракави, кој војвотката го носеше во комбинација со nude салонки со високи потпетици кои визуелно ги издолжија нејзините нозе, а целото издание го зачини со елегантна пунџа, децентни обетки и суптилна шминка со кармин во нежна розова нијанса.

 

https://www.instagram.com/p/Bk2_NJInofk/?utm_source=ig_embed

Почестен од фактот дека Меган го носеше неговиот фустан, познатиот дизајнер Брендон Максвел објави фотографија на неговиот официјален Инстаграм профил со пораката: „Навистина горд момент за нашиот тим“ .

epp

 

 

epp2
advert
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button