„Купува фустан од 75.000 долари, а НЕ сака да му помогне на својот татко“ – дали и по овие информации јавноста ќе ја обожава Меган?
Саманта Грант (52) е полусестра на Меган Маркл.
Саманта жестоко ја нападна во медиумите Меган, особено поради нејзиниот избор на гостите за свадбата. „Сметам дека семејството Маркл треба да биде на список кој е долг 2000 страници. Нашиот вујко, брат, јас, нејзините пријатели кои се со неа веќе 30 години. Семејството сепак е семејство.“
Саманта и пред неколку дена исто така ја нападна својата сестра па ја обвини дека го запоставувала својот татко: „Ако може да даде 75000 долари за еден фустан, тогаш може да му даде нешто и на нејзиниот татко кој неодамна банкротираше“, вели за странските медиуми мислејќи на фустанот што Меган го носеше на првите официјални фотографии откако се сврши со принцот Хари.
Инаку, Меган и Саманта детството го имаат поминато заедно. Саманта дури и кога во јавноста беше објавена веста дека Меган и Хари се свршиле, во медиумите изјави: „Таа и сега е многу весела, шармантна и мила“ и додаде дека ја сака како вистинска сестра. „Не верувам во тоа дека на некого може да му биде само полусестра. Или си сестра или не си, а во моето срце и животот таа навистина е мојата сестра и е прекрасна“ зборуваше тогаш Саманта која сега очигледно, од непознати причини, го има променето мислењето.