Конечно! Меган Маркл во тесен фустан го покажа заобленото трудничко стомаче

Неодамна и официјално беше објавена веста дека Меган Маркл и принцот Хари ќе станат родители. Откако среќната вест го обиколи светот, Меган ни го покажа својот труднички стомак, кој до вчера вешто го сокриваше со помош на разни трикови.

За своето прво службено излегување после објавата за нејзината бременост, таа одбра тесен бел фустан од австралиска дизајнерка, во кој јасно се наѕираше нејзиното заоблено трудничко стомаче.

ADVERTISEMENT

На нозете носеше светкави салонки кои совршено го надополнуваа нејзиниот елегантен изглед, а за оваа посебна прилика стави и еден накит од мајката на Хари, покојната принцеза Дијана.

ADVERTISEMENT

Се работи за дијамантни обетки во облик на пеперутки, кои Лејди Ди ги носела во текот на кралската турнеја во Канада.

Facebook Comments
(Visited 7 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT