Првото појавување на Меган Маркл како војвотка е вистинско разочарување – според многумина новата принцеза изгледа како клон на Кејт Мидлтон
Меган во издание во какво ја немаме видено досега
Војвотка од Сасекс на роденденот на принцот Чарлс стигнаа дотерана од глава до пети, но според модните критичари забележан е пресврт во нејзиниот стил кој досега не бил забележан. Имено, принцот Хари и Меган Маркл на кои кралицата им ги додели титулите војвода и војвотка од Сасекс, се појавија во градината на Бакингемска палата на роденденот, а сите очи беа вперени во новата принцеза.
Но она од што многумина се изненадија (или разочараа) е тоа што новата принцеза овој пат воопшто не носеше комбинација во кави ја гледавме во последно време, туку наместо иновативно издание какво сите очекуваа од неа, се појави во парчиња кои како да ги позајмила од плакарите на Кејт Мидлтон. Таа носеше миди фустан со А крој и проѕирни ракави од „Flavia“ кoј за само неколку часови откако беа објавени првите фотографии беше распродаден до последно парче и покрај неговата цена од околу 800 долари.
Flavia, Goat
Овој бренд е еден од омилените и на Кејт Мидлтон, а Меган која токму затоа многумина ја критикуваа дека во ова издание изгледа како да и е сестра, го носеше со традиционален британски шешир од Филип Трејси, салонки со потписот на Тамара Мелон и дијамантски обетки во форма на ружа со потписот на „Vanessa Tugendhaft Joaillerie“.
Иако никој не смета дека стилот на Кејт е лош, Меган со своите претходни комбинации го постави својот стил на многу повисоко ниво од ова, па од неа се очекуваше и многу повеќе, особено во нејзиното прво појавување во јавноста.