Меган Маркл повторно ја засени бремената Кејт Мидлтон – и тоа со фустан неколку пати поскап од оној на војвотката!
Меган Маркл и принцот Хари како и војвотката Кетрин и принцот Вилијам имаа заеднички јавен настап
Меган Маркл имаше прв јавен настап откако се сврши со принцот Хари. Поранешната американска актерка заедно со него и со војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам учествуваа во форумот на Кралска фондација во Лондон. Тие за време на разговорот ја отворија и темата поврзана со движењето против злоставување и малтретирање на жените кое се појави во Холивуд #MeeToo и Time’s Up.
И додека Меган носеше скапа креација Кејт се појави во „евтино“ издание во кое веќе ја имаме видено покажувајќи повторно дека е наклонета и кон поевтините брендови. Поранешната актерка носеше фустан без ракави кој личи на мантил со потписот на Џејсон Ву и кој чини околу 1500 фунти, а на нозете носеше елегантни високи потпетици.
https://www.instagram.com/p/BfvneiOHHxI/?utm_source=ig_embed
За разлика од неа Кејт Мидлтон се појави во рециклирано издание, односно во син фустан од Seraphine со ¾ ракави. Брендот е познат по тоа што е со пристојни цени и наменет за бремени жени од средната класа, а Кејт го носеше и при неодамнешната посета на едно основно училиште. Таа целата комбинација ја зачини со темно сини салонки од Џими Чу со кои само еден ден претходно можевме да ја видиме при посета во лондонската болница.
https://www.instagram.com/p/BfvpvoehXcX/?utm_source=ig_embed
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?