Диети

Медена диета – ослабете еден конфекциски број за само 3 недели!

Реклама
Реклама

Иако звучи неверојатно, медената диета ќе ви помогне за три недели да ослабите за еден конфекциски број со самото тоа што ќе земате по една лажица мед пред спиење секоја вечер.

Можеби ви звучи чудно тоа што медот, кој спаѓа во шеќери, може да ви помогне да ослабите и тоа за прилично кратко време, но тајната е во тоа што медот има способности да го смени метаболизмот и да ја намали желбата за благо, а покрај тоа и го помага согорувањето на мастите додека спиеме.

Маркетинг

Стручните лица велат дека со оваа диета без броење на калории, без големи одрекувања и лишувања, без скапи производи и посебни планови за исхрана можете да изгубите малку повеќе од еден килограм неделно, доколку сите шеќери ги замените со мед. Природниот шеќер што се наоѓа во медот го прави совршен за губењето на килограми. Ова практично значи дека во текот на диетата можете да уживате во сите јадења, семејни оброци и грицки кои генерално се забранети во диетите. Единствено што треба да направите е да користите мед наместо шеќер во текот на денот и навечер пред спиење да испиете топол напиток со една голема лажица мед. Ова правило ќе ви помогне целосно да се ослободите од желбата за благо.

Маркетинг

Килограмите се губат поради тоа што телото согорува повеќе масни наслаги во текот на првите часови од спиењето дури и од кога вежбаме. Исто така, успехот се должи и на недостатокот на рафинирани шеќери и ребалансот во сигналите кои му велат на организмот дека му треба уште шеќер откако ќе ни падне енергијата по јадењето на нешто благо.

Диетата вклучува неколку едноставни правила кои треба да ги следите и без поголеми одрекувања ќе губите нешто повеќе од килограм неделно, односно можете да изгубите и до 4-5 килограми за еден месец.

1. Заменете го шеќерот со мед – исфрлете ги од употреба сите шеќери заклучно со вештачките засладувачи и користете исклучиво мед. Наутро на празен желудник испијте една чаша топла вода со лажичка мед. Засладувајте ги кафето, чајот или соковите исклучиво со мед.

2. Заменете ги калоричните грицки за ужина со парче интегрален леб намачкан со мед или огурт засладен со мед.

3. Најважно е 30 минути пред спиење да испиете една чаша топла вода со две големи лажици мед.

4. Користете нерафинирани јаглени хидрати, односно белото брашно и белиот ориз заменете ги со интегрални. Лебот и тестенините од интегрално брашно како и кафеавиот ориз се богати со влакна кои го помагаат варењето. Интегралните житарки треба да сочинуваат една четвртина од вашите оброци, а останатиот дел треба да биде протеини и зеленчук. Ако ви недостасуваат јаглени хидрати јадете почесто леќа и мешункасти растенија.

5. Обидете се во секој оброк да внесувате протеини бидејќи тие ќе ве држат сити подолго време и нема да посегнувате по грицки или благо. Определете се за помалку мрсни протеини како риба, пилешко без кожа, говедско, јајца …

6. Салати и зеленчук можете да јадете во неограничени количини, додека со овошјето треба да внимавате бидејќи може да содржи многу шеќери. Јадете само по две овошки дневно и тоа бирајте овошје што содржи помали количини на шеќер.

7. Иако можеби ќе ви звучи чудно, во оваа диета се препорачува употреба на полномасни млечни производи бидејќи производителите најчесто ги надоместуваат маснотиите со шеќери и засладувачи. Не претерувајте со количините, туку задоволете се со парче кашкавал или сирење, чаша јогурт и т.н.

8. За да делува диетата морате да се одречете од празните калории и преработената индустриска храна па затоа заборавете на брзата храна, грицките, газираните пијалоци, чоколадите и колачињата …

9. Еден ден неделно треба целосно да ги исфрлите јаглените хидрати, заклучно со оние кои доаѓаат од интегралните житарки. Јадете полно овошје, зеленчук, месо, јаткасти плодови и нема да почувствувате глад.

10. Во текот на медената диета треба целосно да ги исфрлите компирите во сите можни облици.

Со среќа!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button