Мед и лук: Комбинација која го регулира холестеролот и помага при вишокот килограми
Сите знаеме дека медот и лукот се здрави, но ќе се изненадите што може да направи нивната комбинација!
Овие познати лекови во народната медицина имаат моќ да лечат многу заболувања, па со причина помеѓу народот се нарекуваат природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашатето секојдневие, затоа што го подигнуваат вашиот имунитет.
За таа цел, исецкајте две-три чешниња лук и ставете ги во тегла со мед. Оставете ја смесата да стои додека не се соедини. Доволно е да консумирате една лажичка наутро, седум дена без прекин, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена.
Го подигнува имунитетот
Комбинацијата од мед и лук ја зголемува силата на вашиот имун систем, што е важно доколку се борите против некои болести, но и кога сакате да спречите инфекции.
Го штити срцето
Оваа мешавина ги чисти крвните садови од масти и со тоа го намалува ризикот од удар.
Лечи воспаление на грлото
Медот и лукот имаат високо антиимфламаторно дејство, па добри се при борбата против инфекцијата на грлото.
Помага при дијареа
Со помош на оваа смеса можете да го зајакнете дигестивниот систем и на тој начин да го решите проблемот со ретка столица.
Врши детоксикација
Смесата од мед и лук е природна детоксикација за вашиот организам. Користејќи го овој лек, вие на својот организам му давате втора шанса, затоа што медот и лукот го ослободуваат вашето тело од сите отрови кои претходно ги имате внесено.