ИнтервјуНаши ѕвезди
COVER STORY

Mе освои со тоа што е маж. Прв пат во животот сум вљубена – Анета Љумаковска брутално искрена за Гламур

Пејачката Анета Љумаковска им стави крај на шпекулациите и откри кој е мистериозниот маж со кого е во врска веќе некое време

Advertisement

Нашата позната пејачка Анета Љумаковска овие денови ги изненади сите со една фотографија што ја објави.

Имено, пејачката сподели фотографија на која е со својот колега, музичарот Рубин Размо, со кого се држи за рака.

Advertisement

Анета со оваа фотографија ги изненади сите, посебно што веќе некое време се шушка дека е вљубена, но досега никогаш не сакала да зборува на оваа тема, ниту пак да открие детали.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Но овој пат таа очигледно реши да покаже дека во животот има нова љубов, а во врска со тоа за Гламур го изјави следново:

Advertisement

„Што се однесува до тоа дали сум повторно вљубена и дали имам некој во мојот живот, еве сега решив да се изјаснам и јавно и да им ставам крај на шпекулациите – да, вљубена сум, но не повторно, туку за прв пат во мојот живот“, изјави Анета за Гламур магазин.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

На прашањето колку време се заедно, таа вели дека поминало доволно време колку што е потребно да почнат да градат заедничка иднина и живот, но очигледно и за да откријат дека се во врска.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа исто така даде јасен, но краток одговор во врска со тоа како ја освоил Рубин, нејзиниот нов партнер во животот.

„Ме освои со тоа што е совршенство од маж“, изјави Анета.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката со ова откри дека веќе некое време ужива во среќна врска и дека конечно решилa да го открие својот партнер.

Таа претходно и со фотографиите од својот дом на кои често можеше да се види дека не е сама предизвикуваше шпекулации меѓу нејзините бројни обожаватели, а сите се прашуваа кој е среќникот со кого пејачката ужива по разводот од својот поранешен сопруг.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката очигледно немаше потреба да ја претстави својата љубов во јавноста, решена да го направи овој чекор кога ќе дојде време за тоа.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Но повеќе од јасно е дека на пејачката и во љубовта и цветаат рози, па реши повеќе да не крие колку е вљубена.

Впрочем за љубов зборува и нејзината последна песна, а сега конечно откривме и кој е човекот што го украде нејзиното срце.

А како звучи оваа љубовна приказна на Анета преточена и во песна, слушнете и погледнете во продолжение:

Потсетуваме, Анета неодамна привлече внимание и со спотот што го објави за својата последна песна „100 по Рихтер“.

И бидејќи песната е љубовна, пејачката и тогаш привлече внимание и со својот приватен живот и сите се прашуваа дали има некоја промена во нејзиниот емотивен статус, посебно заради нејзината насмевка, но и бројните промени во нејзиниот изглед.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Сето тоа без сомнение зборуваше дека нешто позитивно се случува и на ова поле во нејзиниот живот.

Но таа долго време се трудеше, колку што е во можност, да сокрие од јавноста, а сега направи чекор со кој ги изненади сите.

Пејачката признавајќи дека повторно е вљубена предизвика бура од реакции, а како изгледаше со партнерот, потсетете се тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button