Престиж

McLaren 12C Spider – подобар, здравје!

Advertisement

McLaren го покажа новиот 12C Spider, што всушност му доаѓа нова верзија на постоечкиот Ferrari 458, со примеси на MP4 – 12C Supercar.  

Advertisement

Исто како и 458-цата (со која го дели и името), 12С користи и исти тврд кабрио покрив, наместо претходно познатиот, направен од платно.

Покривот се собира при брзина од 50 km/h. и сето тоа го прави за 17 секунди. Како и многу други конкуренти на Supercar, постои заден ветробран, кој што може да се подига кога кровот е отворен, за да се зголеми резистентноста на ветрот, или пак да се спушти кога кровот е горе. Постои и систем за заштита на горниот дел, точно позади седиштата над главите на патниците, направени од цврста челична конструкција.   

Advertisement

Целиот овој механизам  додава екстра 40 килограми на целокупната тежина на 12С, со што истиот достигнува 1474 килограми – но сé друго го прави исти како и неговиот Coupe брат. Што во превод би значело двоен turbo од 3.8 литри V8 мотор, со силина од 616 коња, а задниот погон се управува со двоен секвенцијален менувач од 7 брзини.

Од 0 до стотка оди за 3.1 секунда, до двесте на саат за 6.1 секунда, а најголемата брзина му е лимитирана на 336 km/h. Наместо фотографии, овој пат се решивме да ви покажеме преку видео како изгледа оваа перфекција во движење на четири тркала, чија почетна цена се очекува да биде 250 000 евра. 

{youtube}LrPpxwYcFMM{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button