Maкедонец со пасош со старото име заглавен во Фиџи – „Денеска понижен како никогаш до сега и третиран како криминалец“

Познатиот готвач не може да се врати дома, во Македонија, поради неговиот пасош со старото име на земјава.
Има неколку часа лет до дипломатско-конзуларното претставништво, вели тој за местото каде треба да извади патен лист за да се врати дома со старата патна исправа.
– Логистички е многу тешко да се стигне до Амбасадата во Камбера, јас сум на пат во Нов зеленад. Во постојан контакт сум со Амбасадата. Проблемот е логистиката за ние што сме затечени во крузерите. Не сме на копно, не можеме да стигнеме на копно, во амбасадите, вели тој во изјава за Утринската програма на ТВ Телма.

– Фиџи забрани јас да излезам, бидејќи сега пасошот ми е не важечки и не дозволи сега да летам. Компаниите подлегнуваат под пенали, појаснува тој и вели дека начинот за вадење на патни листови треба да биде поедноставен или електронски.
Настески вели дека тој има среќа бидејќи има логистика, но што е со сите останати луѓе по крузерите.
– Има 800-тини морепловци кои се заглавени, компаниите не знаат што да прават, вели Настески.
Еве што порача тој на својот фејсбук профил:
– 23 години работам по крузери!
23 години во кој го обиколив целиот свет и посетив преку 320 места во светот!
23 години ја преставувам Македонија со големо срце сегде низ светот!
23 години амабасадор на својата земја!
23 години амбасадор на македонската храна и култура!
23 години секогаш со крената глава како прав македонец!
Денеска понижен како никогаш до сега и третиран како криминалец!
Денеска се повредени моите права како македонец!
Денеска се повредени моите човекови права!
Денес не постојам како Македонец!
И се тоа благодарение на мојата некогаш убава и силна Македонија и благодарение на неспособноста на тие кој ја водат оваа земја!
Уништивте комплетно се во мене, и ме бутнавте на колена!




