Жените од секогаш го сакале романтичниот секс. За ова нема дилема.
Но, кога се во прашање двата магична збора „Те сакам“, тогаш Ева може само да му носи вода на Адам. Таа не е првата што ќе ги изусти! Барем така тврдат новите истражувања во врска со оваа проблематика.
Според едно истражување спроведено во САД жените се многу повеќе експресивни околу своите чувства, но мажите се тие кои први паѓаат во љубов. Последните пронаоѓања на психологот Marissa Harrison, од Pennsylvania State University во САД, покажуваат дека жените се многу повнимателни од мажите кога се работи за љубовна романса. Тие се многу повеќе прагматични и анализираат многу повеќе аспекти пред целосно да се препуштат во некоја љубовна врска. „Тие се повеќе рационални околу љубовта најверојатно затоа што имаат поголем капацитет да ги процесираат емоционалните искуства“ – вели Marissa во своето истражување.
Оваа професорка во своето истражување има анкетирано 172 волонтери и истите ги има прашувано кога тие биле во врска и кога за прв пат се почувствувале вљубени, со што резултатот е дека мажите се вљубуваат само по неколку недели, додека на жените за тоа им треба неколку месеци. Истото се однесува и во врска со сексот: мажите го посакуваат по неколку недели, додека жените по неколку месеци (како ли е ова кај нас, Балканците, по ѓаволите?!).
„Секако дека постојат врски помеѓу сексуалната желба и чувството на љубов, но дека едното може да биде производ од другото е тешко, бидејќи истражувањата покажуват дека се работи за два сосема различни механизма“ – додава професорката Harrison во нејзиното истражување.
Жените за разлика од мажите, пред да се вљубат дискутираат со своите пријателки, фамилијата.. па дури потоа ја донесуваат нивната одлука. Токму од тие причини во просек мажите, на пр. во Англија, се вљубуваат три пати, додека жените, пак, само еднаш. Токму и затоа мажите многу почесто се со скршени срца, од жените.
Како и да е, впечатокот дека тоа не е така најмногу е поради тоа што мажите многу помалку зборуваат за своите емоции и чувства за разлика од жените. Но, во последните 50 години ситуацијата драстично се менува, па така сега младите повеќе не кријат кога се вљубени, во кого се вљубени.. за разлика од некогаш, од оние стари груби момци (“%^&!*).
Но, сепак, сите мажи се различни и не постои нешто како што е типичен маж, а доколку сакате да сретнете некој кој што доволно го познава женскиот свет и кој е далеку од стереотипите за горила маж – тогаш слободно побарајте го на нашата жица. Овие момчиња што се тука, што не ретко си имаат работа со штипка, се токму такви.:)
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.