Секс

Мажи, ако сакате да бидете неодоливи и да го привлекувате понежниот пол јадете лук!

Advertisement

Храната која што ја јадете може да влијае на мирисот со кој вашето тело се обидува да го привлече спротивниот пол, открија научниците.

Advertisement

Тие долго го следеа начинот на кој мажите на еден вид гуштери (шарени дождовници) ги привлекуваат своите женки избирајќи хранливи намирници, а според прелименарните студии покажува дека слично важи и за луѓето. Во низа од експерименти, 42 мажи јадеа сиров бел лук (по четири чешниња) или голтаа капсули (со 1000 мг екстракт од бел лук), а потоа носеа туфери под пазувите во наредните 12 часа. Тие потоа се воздржуваа од јадење лук и исто така носеа туфери во кои се впиваше нивната пот.

Потоа 14 жени го проценуваа мирисот на овој памук и го споредуваа со оној кој го носеа мажите кои јадеа лук со останатите. Тие дојдоа до заклучокот дека мажите кои уживале во моќниот природен антибиотик имаат попривлечен мирис за претставничките на понежниот пол. Според нив, мирисот збогатен со лук делува привлечно на спротивниот пол бидејќи укажува на здравствената состојба на потенцијалниот партнер. 

Advertisement

„Исто така, можеби мирисот на мажот сугерира и каква храна можете да и обезбедите на партнерката“ смета Житка Фијалова од Карловиот универзитет во Прага која воедно и ги водеше овие „необични“ студии.

Едно друго истражување покажа и дека мажите кои внесуваат храна богата со каротеноиди* исто така делуваат привлечно за жените, но и тоа беше направено на помали примероци.

(*Некои каротениди во телото на човекот можат да имаат улога на антиоксиданси, додека β-каротенот содржи витаминот А кој помага во одржувањето на видот. Растенијата кои се богати со каротеноид најчесто имаат ниско ниво на липиди.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button