Мажите ѝ даваат пари со мерак, таа е новата кралица на бакшиот во Македонија – цела меана збудали
И сите ги развесели

Кога нашата Барбика ќе се фати за микрофонот, забавата е неминовна и незаборавна…
Познатата пејачка Сања Цинцева позната и како Сања Барби цело ова лето работеше со полна пареа.
Тоа беше очигледно и од нејзините објави на Инстаграм, а заради овие снимки некои ја прогласија и за кралица на бакшишот.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Имено, Сања на секој свој настап знае како да ја крене атмосферата и да направи одлична забава, а гостите тоа секако дека го препознаваат и наградуваат со убав бакшиш, даден од мерак.
Посебно кога некого ќе погоди со песната, па ќе почнат да летаат пари од сите страни, и тоа често е поприлично голема сума.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Впрочем тоа може да се види и од еден од нејзините последни настапи кога Сања одвај го држеше парите во рацете.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Таа настапи во еден ресторан заедно со својата „тајфа“, а гостите цела вечер се веселеа и ја честеа пејачката со бакшиш.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Сања Цинцева
Инаку, Барби привлече внимание и со својот моден избор, посебно со блуската без ракави од „Валентино“ што ја носеше.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Инстаграм/ Сања Цинцева
И додека во долниот дел носеше црни, тесни панталони и сандали со тенки црни ремчиња и високи потпетици, во фокусот сепак беше горниот дел – со деколте до „папокот“.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Таа целото издание го заокружи со својата убава руса коса, а нејзиниот шарм и овој пат никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Но токму затоа и ја викаат Сања Барби, а по оваа снимка некои ја прогласија и за нова кралица на бакшишот.