Мажот роден во знакот Стрелец е личност која е специфична во секоја смисла. Тој сака напредок и секогаш се бори да биде на врвот. Луѓето можат да ги доживеат како вистински чудацои, особено ако не умеат да се изразат на соодветниот начин. Затоа тие често и не се сфатени од нивната околина.
Нивната амбиција е голема и секогаш работат вредно. Ако сакате да дознаете во кој приватен бизнис да вложите пари, а тоа во наредните години да ви донесе профит, тогаш прашајте го мажот Стрелец. Во љубовта секогаш знаат кон што тежнеат и ретко отстапуваат од својот пат.
Тие сакаат стабилност, никогаш не се сами, па дури и во моментите кога немаат сериозна врска, тие се трудат да постигнат рамнотежа користејќи флерт, а и по некоја аванатура. Ако сакате да освоите маж Стрелец, тогаш бидете итри, имајте бујна фантазија и покажете му дека сте верна личност која знае што сака.
Знаењето му е од особена важност и тоа му го одредува ставот кон животот. Мажот Стрелец е заинтересиран за филозофија, религија и сака во сите работи да наоѓа смисла. Стрелецот е претставен како половина маж коњ, половина маж Стрелец. Тој исто така е одличен слушател кој ќе ги апсорбира сите работи што ќе му ги кажете. Брзоплет е, па понекогаш може да му се случи да пропушти некои важни детали.