Матурските забави само што не започнале, а многу девојки се уште го бараат својот идеален фустан за оваа посебна ноќ.
Па, за да ви ја олесниме потрагата ќе ви претставиме неколку матурски фустани кои се разликуваат во стилот, бојата и кројот, но кои можат убаво да им стојат на секоја девојка. (Покрај овие што ќе ги видите тука кои се од модната куќа Астибо, на крајот од текстот следуваат и фустани од најпознатите хај-стрит брендови во Македонија.) Што се однесува до трендовите оваа година ни носи преубава палета бои – од класичната црна и страствената црвена, кои важат за безвременски и секогаш ќе бидат вистинскиот избор, па се до нежните романтични и пастелни тонови како што се боите на цвеќињата, пудрата и сладоледот.
Од друга страна пак, што се однесува до дезените, на елегантните вечерни изданија најмногу одговараат монохромтаските комбинации, но оваа година популарни се и цветните мотиви кои исто така можат да бидат добар избор за матурска или апсловентска забава. Но, доколку преферирате елегантен вечерен изглед, сепак, најдобар избор се еднобојните или модерните фустани во две-три нијанси, додека со цветните дезени лесно можете да погрешите и да добиете типична дневна летна комбинација.
Инаку, вечерните фустани најчесто доаѓаат во најразлични должини, но кратките модели можеби се најдобар избор за младите девојки за матурската вечер и покрај тоа што во мода се и долгите фустани со А крој. Сепак станува збор за вкус, па најдобро е да го изберете моделот кој најдобро ќе се вклопи во вашиот стил на облекување. И како што советуваат модните гуруа, најдобро е да изберете едноставен фустан, во кој ќе се чувствувате комотно и кој ќе можете да го носите и во некоја друга пригода, а целиот изглед да го „подигнете“ со интересни модни додатоци, високи потпетици, елегантна шминка и добра фризура.
Па, покрај овие интересни фустани од Астибо (кликнете тука и видете ги и другите фустани од овој бренд), доколку сакате да ги видите најдобрите 10 фустани и од другите познатите брендови кликнете тука или отворете ја галеријата што следува во продолжение.
види повеќе » |