Модни советиПрепораки

Матура со став – три wow фустани од Манго под 5.000 денари што ќе те претворат во ѕвезда на вечерта!

Не ти треба скап фустан за да изгледаш спектакуларно. Ти треба нешто што ќе го долови твојот дух. Овие три Mango фустани се полн погодок – стилски, различни, тренди и под 5000 денари.

Advertisement

Матурската вечер е повеќе од прослава – тоа е официјален влез во светот на возрасните, но и миг да заблескате со стил. Во морето од тешки, преукрасени тоалети, се повеќе девојки избираат да носат нешто што изгледа модерно, лежерно, но и уникатно.

Mango оваа сезона нуди повеќе модерни и младешки фустанчиња, а ние одбравме три наши фаворити што се совршено прилагодни за матура – секој со различен карактер, но со заедничка нишка: свежина, женственост и трендовски дух. Сите се под 5000 денари – вистински моден избор без компромиси.

Advertisement

Цветен со впечатлива жолта нијанса

Првиот модел од нашиот избор е летен, цветен фустан со бела основа и суптилни жолти цветови со зелени листови. Лесната ткаенина, струкираниот горен дел и широкиот долен дел му даваат на фустанот пролетна живост и девојачки шарм. Овој фустан е идеален за девојки кои сакаат да внесат боја, движење и свежина во својот матурски изглед.

фото-фешн груп
фото-фешн груп

Носи нота на романтика, но не е наивен – напротив, добро избалансиран е меѓу лежерност и елеганција. Совршен е за матура на отворено, за дневно фотографирање, но и за вечерен танц под ѕвездено небо.

фото-фешн фруп

Црвена екстраваганција

Вториот фустан по наш избор е црвен, со миди должина и елегантен крој што совршено ја следи линијата на телото. Неговата боја е интензивна, но префинета – длабоко црвена што внесува доза на самодоверба, зрелост и гламур.

Advertisement

Миди должината го прави соодветен и за формални пригоди, но и за коктел вечер, а неговата едноставност остава простор за игра со модни додатоци – металик сандали, златен накит или светкава чантичка.

Овој фустан е за девојки што сакаат да изгледаат средено, моќно и впечатливо, без да се пренагласат.

фото-фешн фруп
фото-фешн фруп

Трендовски шик

Третиот модел е мини кошула-фустан во неутрална нијанса – со лежерен, но структуриран крој кој делува урбано и самоуверено.

Кратката должина и дефинираната половина го прават младешки и тренди, додека кошулестиот изглед му дава финиш на стилска девојка што знае што сака.

фото фешн груп

Овој фустан лесно се комбинира со високи потпетици или chunky сандали, може да се надгради со ремен, впечатлива шминка или sleek фризура. Совршен е за девојки што сакаат да внесат модерен допир во класичната матурска ноќ.

Сите три фустани се достапни онлајн и во продавниците на Fashion Group. Без разлика дали ја сакаш бојата, минимализмот или лежерната елеганција – секој модел е доволно моќен за да стане твојот вистински избор за вечерта што се памети. Со нив, нема да изгледаш како некој друг – туку како најдобрата верзија од себе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button