Реклама
Коса

Како да користите масло од чили за раст на косата

Реклама

Блогерката за убавина Ишика Сачдев ја споделува тајната за прекрасна коса од нејзиниот баба

Не е тајна дека некои од најдобрите природни производи за коса може да се најдат во кујнските шкафчиња, но ова најново откровение е вистинско изненадување.

Маркетинг

Блогерката Ишика Сачдев се колне дека користи масло од чили за да го поттикне растот на косата, совет што го научила од нејзината баба. Иако била исплашена прв пат, Ишика вели дека нанесувањето масло на главата најмалку двапати неделно ѝ помогнало за подобрување на густината и квалитетот на косата, со „нови бебиња-влакна што никнуваат за миг“.

Маркетинг

Таа, исто така, тврди дека овој домашен производ може да се користи и за намалување на сивите влакна, бидејќи нејзината баба забележала дека се појавуваат нови црни корени.

{youtube}k4j8wsIkHo8{/youtube}

Доволно храбри да дадете зелено светло? Еве како:

1. Измешајте една лажичка црвен чили во прав (не користете чили снегулки) со масло од кокос или бадем за да формирате паста.
2. Нанесете ја врз скалпот, разделувајќи прамени од косата и притискајќи го масловот. Не тријте го, бидејќи тоа може да ја иритира кожата на главата.
3. Оставете го маслото да се впие најмалку половина час.
4. Измијте ја косата со вашиот вообичаен шампон – и не се вознемирувајте ако почувствувате боцкање. Тоа е крвта која забрзано циркулира низ скалпот, вели Ишика.

А што велат експертите за користење на овој третман дома? Дерматологот д-р Сејал К. Шах,  изјави за Huffington Post Style дека капсаицинот најден во чилито има анти-воспалителни и антиоксидански бенефиции. Тој, исто така може да го зголеми протокот на крв, што е потребно за здрав скалп.
Сепак, д-р Шах предупреди дека чили маслото може да предизвика иритација и оток, особено ако дојде во допир со очите.

„Доколку има влошување на скалпот или губење на косата, третманот треба веднаш да се прекине“, додаде таа. „Ако размислувате за било каков алтернативен третман, треба да дискутирате за тоа со вашиот лекар пред да продолжите.“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button