Реклама
BEAUTYКожа и нокти

Ефикасна маска за лице од праски, која ќе ви помогне во борбата против брчките

Реклама

Во текот на летните месеци, кога кожата е изложена на сончеви зраци, поголема е нејзината сувост, а со тоа и појавата на брчки. Со оглед на тоа дека сезоната на праски е во полн ек, зошто да не го искористите ова здраво и миризливо овошје во борбата против брчки?

Имено, потребни ви се две праски со средна големина, две капки етерично масло од лаванда, две лажички мед и исто толку маслиново масло. Изблендирајте ги исчистените праски и помешајте ги со наведените состојки. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа нанесете ја на лицето кое претходно добро сте го исчистиле. Оставете ја маската да делува 20 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

Маркетинг

Потоа, за подобар ефект, на лицето нанесете малку маслиново масло и оставете го да делува неколку часа.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button