Сите знаеме колку сода бикарбоната е корисна во домаќинството, но дали сте знаеле дека таа може да направи чудо и за вашата кожа, коса и заби?
Сите знаеме колку сода бикарбоната е корисна во домаќинството, но дали сте знаеле дека таа може да направи чудо и за вашата кожа, коса и заби? Сјајната веста е дека од оваа состојка можете да направите маска за лице и тоа за само за неколку денари, колку што чини една кесичка од неа. Се’ што ви е потребно е една лажичка и пол сода бикарбона која ќе ја промешате со една лажичка ладна вода.
Внимавајте со овие маски за лице – содржат состојка поради која можете да се покаете >>
Смесата намачкајте ја на чисто лице и држете ја околу десет минути, па потоа исплакнете со млака вода. Сепак, доколку имате масна кожа,пожелно е маскара да ја држите на лицето неколку минути повеќе, додека пак за сува кожа препорачливо е да ја држите неколку минути помалку. На овој начин ќе се ослободите од митесерите и ќе го ублажите воспалението на кожата.
Додадете малку сода бикарбона во шампонот. Резултатот ќе ве воодушеви >>
Секако, ако кожата ви е премногу чувствителна и сте склони кон алергии, би требало пред користењето на оваа маска да се советувате со дерматолог.