Нега и здравје

Како да направите ефикасна домашна маска против митесери

Advertisement

Фластерите кои се продаваат во продавниците и аптеките можат да се покажат како ефикасни во борбата против митесерите, но можат да бидат и значителен трошок, посебно ако ги употребувате често. Затоа ви предлагаме евтина алтернатива која можете да ја подготвите дома и успешно да се ослободите од несаканите митесери.

Advertisement

Митесерите најчесто се појавуваат на носот, на брадата и на челото, поради вишокот на себум во проширените пори. Се јавуваат и кај мажи и кај жени, и тоа кај оние со комбинирана и мрсна кожа.

Со разните козметички препарати како лосиони или пилинзи можат да се држат под контрола, а најефикасни се фластерите бидејќи ги отстрануваат од корен. Наместо скапите фластери од продавниците, ви предлагаме сами да си подготвите поевтина варијанта и тоа многу лесно и едноставно. Потребни ви се само 2 состојки – желатин и млеко.

Advertisement

Измешајте 1 лажица желатин со 3 лажици млеко. Мешајте убаво додека да добиете паста. Потоа загрејте ја пастата во микробранова печка, но само десетина секунди, па повторно промешајте додека не добиете мазна смеса. Нанесете ја смесата на носот и оставете да делува 15 минути. Во меѓувреме смесата ќе се стврдне така што, по истекот на петнаесетте минути ќе можете лесно да ја отстраните, заедно со митесерите.

Извор: index.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button