Во текот на летниот период нашата кожа е изложена на надворешни влијанија а и погледи така што мораме да ја одржуваме во топ форма.
Овој совршен рецепт за маска-пилинг ќе ви обезбеди совршено мазна и мека кожа преку целото лето. Пожелно е маската да ја ставате 1-2 пати во неделата, а за да ја направите потребни ви се следниве состојки:
– Едно јаболко со средна големина
– Една лажичка маслиново, бадемово или кое било друго растително масло
– 3 лажички свежо сирење
– 2 лажички бел или кафен шеќер
Изрендајте ја или измелете ја јаболката, па добиената каша помешајте ја со останатите состојки да добиете рамномерна смеса. Нанесете ја маската-пилинг на чиста кожа која претходно сте ја избришале со крпа. Масирајте ја кожата околу 5-10 минути, а особено внимание посветете на деловите од телото на кои што кожата е погруба (лакти, колена, задник, пети).
Потоа измијте ја маската-пилинг со топла вода, благо впијте ја водата од телото со крпа и оставете останатиот дел од хранливите состојки да се впијат во кожата. Повторувајте ја редовно оваа постапка и вашата кожа ќе стане неверојатно мека, мазна и нежна – совршена за летната облека и прошетките на плажа.
Извор: cromoda.hr