Реклама
Престиж

MASERATI MC 12 Corsa

Реклама

Каматите од заштедата во банка ви донеле милион евра чиста добивка? Тој прекрасен ден разубавете си го додатно со купување на уште еден лимен љубимец за гаражата – и онака полна со егзотика!

Маркетинг

Направен врз основа на победничкиот болид од 2005г., Maserati MC 12 не е хомологиран за употреба по улици, ниту пак може да се вози на било какви трки. Но, идеален е за релаксирачко возикање по сопствената тркачка стаза или споредните купови кои Maserati ќе ги организира за вас и останатите 11 сопственици во текот на целата година.

Лимитираните 12 комади беа порачани уште во 2006г. а испорачани при крајот на 2007-ма, па така единствена шанса да го исполните она за кое зборевме во претходниот пасус е само доколку некој од овие дузина фаци, се реши да ви го продаде. 

Маркетинг

alt

МС 12 во погон го носи монструозен V12 од Ferrari Enzo кој во Maserati варијанта развива 755 коња, со само 1150 килограми тежина. Според цената и перформансите му парира само Veyron на Bugatti, кој што е само канта за по улици, додека МС 12 е вистинска тркачка машина наменета само за најхрабрите.

 alt

Очекуваното забрзување од 3.5 секунди и конечна лимитирана брзина од 350 на саат не се баш најдојмливи податоци – МС 12 троши околу 60 литри (опс, ур!?!) на 100km во полн гас. Од Скопје до Охрид 200 евра за бензин!
  

alt  

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button