Реклама
Нега и здравје

Болката во рбетот ја снемува веднаш – масажа на овие точки на стапалото ќе ве препороди

Реклама

Краевите на вашите стапала преку точки се поврзани со вашиот грб па кога ги масирате, голема е веројатноста болката и вкочанетоста во грбот да исчезне.

Дали знаевте дека со масирање на стапалата можете да ја намалите болката во рбетот? Имено, според истражувањата спроведени од страна на иранскиот Журнал за медицина и акушерство, медицинските сестри кои имале хронична болка во грбот во голема мера користеле масажа. Па така, за време на студиите, 50 жени и мажи, медицински работници кои тврдеа дека боледуваат од хронична болка во долниот дел од грбот помина низ 40 минутни масажи три пати неделно, за време од две недели. Половина од групата поминала низ рефлексологија (масажа на стапала), односно со масирање на специфични делови од телото поврзани со болката во грбот, а другата група поминала низ општа терапија со масажа.

Маркетинг

На крајот од студиите, поголем број од учесниците кои поминале низ рефлексологија пријавија поголемо подобрување во долниот дел од грбот и намалување на болката, отколку групата која се служеше со општа терапија. Меѓутоа, и двете групи пријавиле значително намалување на болката во долниот дел од грбот.

Маркетинг

Докажано е дека стапалата се поврзани со болката во грбот. Имено, рабовите на стапалата имаат точки кои се поврзани со болката во грбот и кога ги масирате голема е веројатноста предизвиканата болка и вкочанетоста да исчезне. Можете да ги масирате и сами, или некој друг, и двете методи се подеднакво ефикасни. Резултатот ќе го забележите веднаш, дури и по првата масажа. Масажата е пријатна и здрава, па посветете барем 10-20 минути, 2-3 дена во неделата масирајќи ги стапалата.

Правилно изведување на масажата на стапала

Седнете на подот со скрстени нозе и држете го едното стапало. Линијата меѓу палецот и петата на внатрешната страна на стапалото е она што го претставува рбетот. Линијата е поврзана со гениталиите, лумбалниот дел, градите и грлото на матрицата. Нежно масирајте ја линијата од предната кон задната страна со прстите, од внатрешната страна на стапалата. Со примена на притисок на овие точки директно влијаете на својот рбет и со правилно масирање ќе го решите проблемот со непријатната болка.

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button