Македонка која го освојува светот со куси шорцеви и својата гитара – слушнете ја новата феноменална песна на Мартина Блажеска
Мартина Блажеска со својот прекрасен вокал и гитара, интерпретирајќи странски нумери, ги руши рекордите во гледаност на Јутјуб.
Овој пат во прашање е спот за нејзината песна „Shame“ во која симпатичната Мартина е и композитор и пејачка. Таа деновиве го издаде и својот прв албум кој се снимаше во Германија, со продукција во студиото на Мартин Милер и мастеринг во студиото на Torsten Solberg – Heartware Studios, а композициите се во поп, фолк и инди стил.
https://www.instagram.com/p/BhSH7JplKFs/?taken-by=martinablazeska
Инаку Мартина е од Охрид и е првата Македонка што успеа да студира на престижниот музички колеџ Беркли. Досега за неа имаат пишувано повеќе значајни светски медиуми, а во продолжение покрај новата песна слушнете ги и нејзините најпопуларни кавери на Јутјуб.
https://www.instagram.com/p/BetSYeNAy4S/?taken-by=martinablazeska