Вештата готвачка Мартина Симјановска ни приготви три неодоливи посни рецепти кои ќе ја разубават вашата славска трпеза. Станува збор за два десерта и една солена закуска.
Секако, овие рецепти може да си ги направите и во кој било ден за време на божиќните пости.
МаркетингView this post on Instagram
Маркетинг
Посни рафаело бомбици
Рафаело бомбиците ѝ се посебна љубов на Мартина, а веруваме дека ќе ви станат и вам.
Овојпат во посна варијанта за сите кои постат во овој период и секако превкусен рецепт за посната слава Св.Никола.
Потребни состојки (30 бомбици)
1 пудинг
50 гр маргарин
50 гр лешници
50 гр кокос за валкање
50 гр бисквити
100 гр шеќер
100 гр бела чоколада (доколку не најдете посна, може да ја изоставите)
150 гр кокос
250 мл водa
Зовријте вода со шеќер, па сварете го пудингот.
Веднаш додадете ги маргаринот и чоколадото и мешајте да се растопи.
Додадете ги бисквитите, кокосот и лешниците и измешајте. Оставете 10-15 мин да се излади.
Оформете бомбици и извалкајте ги во кокос.
View this post on Instagram
Лешник гнезда
„Секоја година имам фаворит од колачите кои ги подготвувам за славата. Годинава ова е мојот фаворит дефинитивно!“, ни открива Мартина.
Лешник и чоколадо е добитна комбинација, па овие лешник гнезда се чудо!
Потребни состојки
100 гр маргарин
100 гр чоколада
150 мл вода
150 гр шеќер
150 гр мелени лешници
250 гр мелени бисквити
100 гр мелени лешници за валкање
100 гр посен еурокрем
Водата, шеќерот, чоколадата и маргаринот растопете ги заедно во сад на оган.
Исклучете од оган, па додадете лешници и бисквити. Измешајте и оставете ја смесата 1 час во фрижиде.
Оформете топчиња, извалкајте ги во лешници, па направете дупче.
Во средина, ставете еурокрем.
Толку брзо, а толку едноставно. Ќе ги обожавате!
Посна проја со спанаќ
Доколку барате повеќе идеи за празничната посна трпеза, може да ја посетите инстаграм-страницата Мартинаскукинг
View this post on Instagram