Мартина Михајловска е македонска блогерка и влијателна личност на социјалните мрежи. Ја нарекуваат македонската Ева Мендез, а јавноста ја запозна како една од најатрактивните водителки на естрадниот магазин Бекстејџ.
Кога е појави во емисијата Бекстејџ не требаше да помине долго време публиката да ја забележи и запомни.
Нејзина прва љубов е работата како фото-модел, а покрај преубавите фотографии кои можете да ги видите и на нејзиниот профил на Инстаграм Мартина досега има снимено и неколку преубави модни видеа со Зоран Зонде Стојановски.
Таа има 21 година, а од минатата година е во врска со охридскиот бизнисмен Виктор Илоски на кој му појде за рака да ја освои убавата манекенка.
Тоа дека во нивната љубов цветаат рози можеме да забележиме и од нивните заеднички фотографии. Ги следи глас дека се одличен пар, а ги поврзува и авантуристичкиот дух и љубовта кон шетањето на познати и убави дестинации.
https://www.instagram.com/p/BVhI3cqBrtS/?taken-by=martinamihajlovska
https://www.instagram.com/p/BGaJz02FVFz/?taken-by=martinamihajlovska
А пред неколку месеци решија и да ја крунисаат својата љубов …
https://www.instagram.com/p/BoTWNoTAoXk/
Па, ја користиме оваа пригода уште еднаш да му посакаме среќа на овој прекрасен пар…
https://www.instagram.com/p/BiPTgSgny5j/
https://www.instagram.com/p/BoWhHjuAabD/
https://www.instagram.com/p/BkDiuyHn2Fx/
https://www.instagram.com/p/BqpXBK2HCcu/
Фото: Инстаграм/ Приватна архива