Мартин Сипковски се разнел со околу 1,5 килограми „пентрит“, експлозивот го убил на лице место

Македонскиот државјанин, Мартин Сипковски (21), беше убиен во експлозијата што се случи на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска“ во Белград. Според српските медиуми, во станот имало околу 1,5 килограми „Пентрит“, кој го разнел станот што го изнајмил младиот Македонец.
Според официјалните податоци, тој го добил експлозивот од Филип В. (26), кој е осомничен дека го набавил нелегално и му го предал на Сипковски. На 1 октомври, околу 21:45 часот, Мартин, при обид да ракува со материјалот, го активирал и експлозивот го убил на лице место.
Неговиот идентитет бил утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонска полиција во врска со трагите од ДНК. Неофицијално, пренесуваат српските медиуми, станува збор за млад човек со дебело криминално досие.
Мартин Сипковски претходно им бил познат на органите на прогонот во Македонија, а минатата година беше споменат во македонските медиуми како млад човек кој „го заменил ракометот со манекенство“.
Поради повреда на вратот, тој ја напуштил својата најголема љубов – ракометот кога играл за РК „Вардар“, а кога влегол во криминалните води не е познато.