Хороскоп

Marс во Јарец ги превртува животите на три хороскопски знаци – драматични пресврти од 15 декември до до 23 јануари

Планови се материјализираат, слабите врски се кршат, а вистината излегува на површина без милост.

Advertisement

Од 15 декември, црвената планета влегува во Јарец и носи силна, студена и непоколеблива енергија. За некои ова ќе биде период на моќ, подеми и остварување. За други – време кога ќе мора да се соочат со најтешките одлуки во животот.

Најмногу ќе бидат погодени три хороскопски знаци – Јарец, Бик и Девица.

Advertisement

На 15 декември Марс, симболот на борбата, енергијата и акцијата, влегува во Јарец, местото каде што се чувствува најсилен. Тоа не е само едноставен астролошки транзит, туку момент кога судбината станува конкретна: планови се материјализираат, слабите врски се кршат, а вистината излегува на површина без милост.

Овој транзит носи моќна енергија која ги фрла луѓето во ситуација да преземат одговорност, без изговори, без одложувања и без емоционални бегства.

Три хороскопски знаци ќе ја почувствуваат оваа сила најдраматично. Еве што ги очекува и зошто следните недели нема да наликуваат на ништо што досега го доживеале.

пекселс

ЈАРЕЦ – ВРАТА КОН НАЈГОЛЕМАТА ЖИВОТНА ПРЕСВРТНИЦА

Марс влегува токму во вашиот знак и ви го превртува животот од темел.
Ова е период кога ништо повеќе не може да се скрие под тепих. Сѐ што сте избегнувале, се враќа со многу поголема сила:долгогодишни конфликти, потиснати амбиции, распаднати односи, недоискажани вистини.

Марс ве турка да се соочите со себе и тоа на најбрутално искрен начин.

Но драмата има и светла страна: токму овој транзит ви носи најголем успех во последната деценија. Можно е: големо унапредување, започнување сопствен бизнис, радикална промена на кариерата, преселба што ќе ви го смени животот.

БИК – СЕ РАСКИНУВА НЕШТО ГОЛЕМО ЗА ДА СЕ РОДИ НЕШТО ПОГОЛЕМО

Марс во Јарец ви отвора судбинска врата, но и урива некои други. Овој транзит ве турка од удобност, па дури и од луѓе кои долго сте ги сметале за „сигурни“.

Ќе почувствувате тежина, напрегање, па дури и болка, но сето тоа има една цел: да ве насочи кон живот кој навистина ви припаѓа.

Очекувајте: драматични пресврти во љубовта (помирување или дефинитивно збогување), важни правни или договорни одлуки, неочекувани патувања или можности за учење што го менуваат текот на иднината.

Марс ви дава сила да се изборите за она што мислевте дека не можете.
На крајот од овој период, ве чека победа. Но прво ќе треба да поминете низ битка.

ДЕВИЦА – ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ТЕМНИНА И ВЛЕГУВАЊЕ ВО СУДБИНСКА ЉУБОВ ИЛИ КАРИЕРА

За вас, Марс во Јарец е како пожар што гори, но чисти. Ги буди вашите најдлабоки желби и ве става во ситуација да направите чекор што одамна сте го избегнувале: признание на љубов, одлука за разделба, ризик во кариерата, креативен проект што го менува вашиот живот.

Драмата ќе биде интензивна: барања на работа, конфликти со авторитети, напнати моменти дома…
Но токму од тој хаос се раѓа редот кој ви беше потребен.

Марс ви носи силна инспирација и јасна слика за иднината. До крајот на јануари, првпат по долго време, ќе знаете каде одите и кого сакате покрај себе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button