Реклама
MAMAРецепти

Мароканска салата – одличен начин да ја збогатите вашата трпеза со нешто ново

Реклама

Оваа салата може да се јаде како самостоен оброк, а може да биде прилог и на главно јадење.

ФОТО: greenkitchenstories.com

Потребни состојки:

  • 400 грама модри патлиџани
  • 100 грама ореви
  • 1 лажичка мед
  • 3 лажички јаболков оцет
  • 100 грама фета сирење
  • Малку магдонос

Начин на подготовка: Модрите патлиџани измијте ги добро, па со кората исечкајте ги на коцкички. Посолете ги, ставете ги во цедилка и оставете ги да се исцадат и да ја пуштат горчината. Модрите патлиџани добро исушете ги, па ставете ги во сад обложен со хартија за печење, ставете масло и печете околу половина час, на 220 степени.

Исечкајте ги оревите, а топлите патлиџани прелијте ги со мешавина од мед и оцет, па промешајте. Додајте ги оревите, сечканото сирење и малку магдонос, па добро промешајте сето тоа добро да се соедини. Салатата можете да ја слушите топла и ладна.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button