Бизнис

Маркетите храната НЕ смеат да ја фрлаат, ќе мора да ја донираат – и сиромавиот сит и трговците во строј!

Во овие земји на маркетите им е забрането да ја фрлаат неискористената храна – треба да ја донираат.

Advertisement

Во овие земји со закон е забрането да се фрла храна која не е расипана – казните за прекршителите се драконски

И додека во Франција веќе неколку години постои закон според кој големите маркети не смеат да ги фрлаат прехранбените производи кои не се продадени, туку истите да ги донираат на хуманитарни организации, кај нас ситуацијата е многу поразлична.

Advertisement

Имено, нашите потрошувачи често се жалат дека купиле производ на кој рокот му е поминат, а во некои маркети се случува овие производи наместо да бидат уништени, да им се стават нови налепници.

Тоа дека несовесните продавачи на своите потрошувачи им продаваат застарена роба можевме да видиме и деновиве од соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство, која заплени и уништи преку 1 тон храна. Но за разлика од нашата чудесна земја, Словенија ќе стане втора европска земја која на големите трговски синџири ќе им забрани фрлање на храната со носење на закон според кој храната, на која рокот е пред истекување или се уште е добра за употреба во маркетите, ќе биде донирана на хуманитарните организации.

Advertisement
Гламур

И Словенија воведува драстични мерки

Ваков закон во Франција е на сила уште од 2016 година и истиот им налага на маркетите и големите дистрибутери на храна, како и на компаниите што произведуваат храна, да не смеат да ја фрлаат храната на која рокот на употреба е во истекување, а токму вакви драстични мерки го планираат и Словенците.

Според извештајот на ОБ, во 2022 година во светот има фрлено околу 19 отсто од глобално произведената храна или околу 1.05 милијарди метрички тони храна, па треба сите да си го постават прашањето колкав дел од неа можел да биде искористен.

Гламур

Во Македонија фрлена голема количина храна

Во Македонија во пресрет на Велигденските празници, во рамките на вонредни засилени контроли, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство беа уништени 1.230 килограми различни производи, најмногу месо, но и јајца, мед, ракија, маслиново масло, како и бои за јајца. Како што соопштија од АХВ овие вонредни контроли се спроведуваат со цел да се спречи пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца и бои за јајца во пресрет на велигденските празници, па беа изречени и казни во висина од 3.650 евра.

„Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните“, порачуваат од АХВ.

Фото: Унсплаш

Како се прави тоа во Франција?

Франција и пред да го воведе овој закон беше една од оние земји во кои храната која не е искористена најмалку се фрлаше.

Но тие очигледно решиле да му стават крај на овој проблем, па со додаток на анексот во законот забраната ја проширија и на угостителските објекти и дистрибутерите на храна, а сé со цел – да се намали процентот на фрлена храна која би можело да се искористи во хумани цели.

Фото: Унсплаш

Французите си имаат план…

Најпрво потребно е да се направат обиди да се продаде храната пред истекот на рокот со акции и попусто, додека во вториот чекор – храната да се донира на хуманитарните организации, а во следниот за прехрана на животни додека граната е соодветна за тоа.

Фрлање како опција е последна на списокот.

Маркетите мора да најдат хуманитарни организации

Во Франција исто така сите поголеми продажни места од 400 м2 се задолжени да направат партнерство со добротворни организации на своето подрачје на кое ќе ја донираат храната.

Храната која се уште е соодветна за консумација забрането е илегално да се фрли во ѓубре или да се уништи.

Ознаките, „рок на траење“ и „најдобро е да се употреби до“ мора јасно и видливо да бидат истакнати на секој производ.

Фото: Унсплаш

Законот ги опфаќа и рестораните

Овој закон за донирање на непродадени производи од 2019 година е проширен и на угостителските објекти кои подготвуваат преку 3000 оброци дневно како и на компаниите од прехранбената индустрија со повеќе од 50 милиони евра промет годишно. На нив се однесува и забраната уништување и фрлање храна, а на рестораните им е пропишана обврска на гостите да им понудат опција храната што им останала да можат да ја понесат дома.

Постојат и казни кои со тек на време беа и заострени, па така на пример ако некој маркет или ресторан фрли храна и биде фатен, може да плати казна во висина од 0.1 отсто од годишниот промет, што за повеќето компании на кои се однесува овој закон е многу повеќе од 3.750 евра, колку што беше казната.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button