Марина во вакво издание не сме ја виделе досега – ќе се изненадите, и маестро Алачки ги воодушеви сите
Прекрасна дама, а покрај неа блеска и нејзиниот сакан
Поранешната водителка Марина Дојчиновска неодамна се појави на еден настан и со своето издание ги воодушеви сите.
Станува збор за роденденската прослава на Зуица Лазова на која Марина се појави заедно со својот партнер Горан Алачки, а заради својата модна комбинација нема некој што не се сврте по неа.
Имено, Марина за оваа пригода избра тесен фустан во кој изгледаше како во своите најдобри денови.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Та целото издание го зачини со својата препознатлива насмевка, а покрај неа блескаше и маестро Алачки.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Следува бројни позитивни реакции на ова нејзино издание, а сите се согласни дека никогаш не изгледала поубаво.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Потсетуваме, Марина неодамна во интервју за Гламур откри и неколку детали од нејзината врска со Горан Алачки.
И како што самата ни откри тогаш, поминаа цели девет години откако Горан се појавил во нејзиниот живот, а нивната љубов и денес гори со истиот жар како и на самиот почеток, кога ја започнале врската. Впрочем тоа може да се види и од нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи, на кои секогаш и двајцата блескаат, и тоа со оној жар во очите што го имаат само среќно вљубените.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Таа не крие дека токму љубовта е и тајниот рецепт за убавината на секоја жена, па како што самата вели, „никаква шминка не може да ја замени убавината на една жена – кој е сакана и која сака истовремено“.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
„Жените кои се обожавани од нивните сакани, веднаш ќе ги препознаете-тие зрачат со посебна убавина, што не се купува со пари. Тоа е таа среќа и благослов, а ние двајцата се трудиме да го сочуваме и да го заштитиме тоа што го имаме“, изјави тогаш Марина во ексклузивното интервју за Гламур магазин.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Целото интервју со Марина прочитајте го тука…