Марина прв пат за болеста за која никогаш досега не зборувала – еве кога дознала за дијагнозата
Марина искрено за болеста, но и за тоа како и помогнале Хунзите со нивното масло од кајсија

Кога ќе добиеш „воспитно поправна“ од горе, поинаку гледаш на животот, вели Марина Дојчиновска…
Марина Дојчиновска, поранешна водителка позната по нејзината емисија Македониум, која сега се занимава со приватен бизнис, откри досега непознати детали од нејзиниот живот.
Имено, Марина во емисијата „Кафе муабети“ зборуваше отворено за најтешкиот период од својот живот, кога се соочила со сериозна онколошка дијагноза, но откри и дека токму во тие тешки моменти се запознала со лековитите својства на златните капки.

Принтскрин/ Јутуб, Гламур
И како што самата вели, станува збор за многу подла болест, која не се манифестира додека не земе замав.
Но токму тогаш Марина, на самиот почеток од својата животна битка, во својот третман ги вклучила златните капки. За нив слушнала благодарение на нејзиното патување во Хунза, а ги добила откако се вратила, па нејзините пријатели од овој народ и ги испратиле бидејќи верувале дека тоа ќе и помогне.

Принтскрин/ Јутуб, Гламур
Станува збор за капки направени од масло од кајсија, но не било какви, туку природни кои растат на Хималаите.
Тие и биле испратени од нејзините пријатели од Хунза, земјата во која живее народ кој за себе вели дека имаат потекло од Античките Македонци. Припадниците на народот Хунза од Пакистан екстремно ретко заболуваат од тешки болести, многу од нив живеат и над 100 години, а жените раѓаа и на повозрасни години.
Тие живеат крајниот север од Пакистан, во планинските долини на Хималаите, а доколку на Гугл напишете „народ Хунза“, речиси да нема да најдете портал на интернетот во кој не се зборува за ова чудесно племе кое не оболува, не јаде месо, односно многу ретко, и во просек живеат околу 100 години.
И како што вели и самата Марина, Хунзите можеби се единствениот народ каде што се умира од старост, не од болести, а богатството се мери според тоа колку дрвца кајсија имаат во нивниот двор.
Имено, кајсијата е една од нивните омилени намирници и важен дел од целокупната исхрана. Преку лето ги јадат свежи, додека преку зима пијат масло од семки од кајсија. Семките ги вадат, мелат, пржат, додека нивното масло го користат за готвење, но и како прелив и како лосион за лице. Со него жените ја негуваат и својата коса, а во просек внесуваат од 50 до 75 милиграми витамин Б17 на ден кој го има во кајсијата – кај нас поголемиот дел од луѓето оваа количина не ја внесува ни во текот на цела година.
И токму заради својата долговечност и здравиот начин на живот тие го привлекуваат вниманието и на разни истражувачи.
Овој народ за себе вели дека потекнува од војската на Александар Македонски, па Марина открива и како реагирале кога прв пат се сретнала со нив и кога им открила дека и таа е Македонка.
Што друго откри Марина за овој народ, но и како ги користи златните капки од семки од кајсија, откријтево продолжение:




