Реклама
Наши ѕвезди

Марина и на 59 години изгледа како милион долари – со хармоникашот Алачки блескаат на Малдивите

Марина Дојчиновска покажа како ужива со својот сакан, познатиот хармоникаш Горан Алачки

Реклама

Поранешната водителка и нејзиниот партнер заминаа на егзотично патување на кое ќе се сеќаваат цел живот.

Марина Дојчиновска и нејзиниот партнер, маестро Горан Алачки, студеното време во Македонија го заменија со преубавите песочни плажи на Малдивите. Марина која во последно време е поприлично активна и на социјалните мрежи, сподели неколку фотки од патувањето и покажа во каков рај уживаат.

Интересно е и тоа што на ова патување Марина го прослави и својот роденден, па следуваа бројни честитки од пријателите.

Маркетинг

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Но она што сите исто така го забележаа е дека поранешната водителка блеска од среќа, но и дека изгледа неверојатно и на 59 години.

Маркетинг

Таа позираше во едноделен костим за капење со големи бели точки, па следуваа бројни комплименти за нејзиниот изглед.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Марина се фотографираше во морето, но и на егзотична лулашка, но и со саканиот кој исто така блескаше покрај неа.

Нивните насмевки кажуваат многу за тоа како си поминуваат на ова волшебно место, додека во коментарите покрај роденденските честитки многумина им посакаа уште многу вакви романтични моменти.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Потсетуваме, Марина и Горан следната година ќе прослават 10 години љубов, а во една пригода водителката во интервју за Гламур магазин откри дека тоа ќе биде прослава на љубовта, убавината, вниманието, искреноста, поддршката и посветеноста што си ја даваат еден на друг, што нивната врска ја прави уште посилна.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

„Жените кои се обожавани од нивните сакани, веднаш ќе ги препознаете-тие зрачат со посебна убавина, што не се купува со пари. Тоа е таа среќа и благослов, а ние двајцата се трудиме да го сочуваме и да го заштитиме тоа што го имаме“, изјави тогаш Марина, па ги додаде и следниве зборови:

ТЕ САКАМ И САКАМ ШТО ТЕ САКАМ!!!!!!

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Колку убава реченица, нели??? На сите им посакуваме да се пронајдат себеси во овие зборови, со кои е кажано се!“, изјави Марина во една пригода за Гламур откривајќи дека можеби токму во овие неколку зборови се крие и тајната, односно моќта што од секого може да направи среќен човек кој знае како да го живее животот.

Целото интервју со Марина прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button