Реклама
Наши ѕвезди

Марина Дојчиновска конечно го покажа својот син, ќе се изненадите – мајка се гордее со своето чедо

Ова е нејзиното сонце...

Реклама

Поранешната водителка одвреме-навреме знае да ги изненади своите бројни пријатели и следбеници на социјалните мрежи.

Станува збор за Марина Дојчиновска, водителката која со својата култна емисија „Македониум“ ги воодушевуваше нашите гледачи од целиот свет, а која денес има свој приватен бизнис со компанијата ХУНЗ ВЕДА која ја менаџира веќе 12 години и на која комплетно и е посветена.

Но Марина и покрај тоа што веќе одамна не е во водителските води, таа и денес е мошне блиска со своите колеги и колешки, но и со многу други наши познати личности, а со фановите комуницира преку своите профили на социјалните мрежи.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Македониум

И благодарение на нив имаме можност да ѕирнеме и во секојдневието на оваа наша прекрасна дама, која и денес плени со својот шарм и убавина, но и со позитивната енергија која што ја поседува.

Маркетинг

Таа по потекло е од Гари, едно од најубавите места во Македонија, па на Фејсбук често споделува фотографии и од овој крај.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Но покрај овие свои моменти, Марина неодамна ги изненади сите и со едно селфи на кое е заедно со својот син Дамјан.

Фотографијата ги изненади сите, посебно што нејзиниот наследник веќе е голем, а гордата мама под фотографијата напиша:

„Сонце зад мене, сонце пред мене“, ја коментираше Марина фотографијата со која ги воодушеви своите бројни обожаватели.

„Убав на мајка“, „Сонце да те грее уште многу, биди среќна“, „И сонце во тебе“, беа само некои од бројните коментари што го доби поранешната водителка под фотографијата што ја објави на Фејсбук.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Потсетуваме, Марина веќе подолго време е во врска со хармоникашот Горан Алачки со кого исто така често споделува снимки, посебно од нивните патувања на најразлични дестинации низ целиот свет.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Тие за уште неколку месеци ќе треба да прослават десет години врска, а маестрото неодамна во интервју за Гламур откри дека во план им е во следниот период дестинации што ќе ги посетуваат да бидат само Гари и Владимирово, местата од каде што потекнуваат нивните татковци и каде и двајцата имаат направено прекрасни куќи кои ги посетуваат секогаш кога имаат време и каде се чувствуваат најубаво.

Инаку, Алачки моментално е зафатен и околу подготовките за новиот музички фестивал „Фолк фест Владимирово“ кој треба да се случи во мај 2025, па на својот Фејсбук често открива и детали поврзани со овој настан.

Принтскрин/ Фејсбук, Горан Алачки

На фестивалот ќе се појават голем број познати македонски пејачи, а меѓу нив Благоја Грујовски, Ленче и Горан Кукиќ, Зуица Лазова, Наум Петрески, Нино Величковски и многу други.
.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button