Марија Спасовска покажува зошто е најубаво она што е забрането – „животот е еден, без љубов не е вреден“
Дали забранетото всушност е најубаво и најслатко?

Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, младата Марија Спасовска, по речиси една година пауза има нова песна. Во перидот кој е зад неа младата пејачката беше посветена на студиите и факултетот на престижниот американски „Сити колеџ“ во Солун, каде покажа дека не е врвна во креирањето и изведбата на соспствената музика, туку и во совладувањето на знаењата, зашто Марија беше прогласена за најдобар студент меѓу бруцошите во прва година.

Заради отсуството од дома и академските обврски, разбирливо музиката беше на „стен бај“, но не и креативноста, па така, Марија за време на летната пауза повторно е дел од второто продолжение на караван проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде со нејзината изведба ја возобнови познатата охридска песна „Ја излези стара мајко“.
Со искусната екипа познати македонски фолк и поп ѕвезди патува и низ градовите во Македонија, каде музичкиот караван има серија свои концерти на плоштадите.
Но, својата лична авторска креативност младата пејачка ја вткаи во својата најнова песна насловена „Забрането“. Провокативен наслов кој зборува за една приказна во која што тоа и кому му е забрането и дали забранетото всушност е најубаво и најслатко?

Песната неслучајно беше објавена вчера, недела, 5 октомври, токму на роденденот на Марија Спасовска, која на својот Јутјуб канал премиерно ја емитуваше песната која заедно со видеото беше пуштена во Интернет етерот, каде е достапна на сите стриминг платформи.
Инаку автор на музиката и стиховите е самата таа, додека за аранжманот се погрижил Иван Јованов- Ивајо.
За песната е снимен и видеоспот, кој го потпишува Томислав Живковиќ.
Проследете го видеото на Марија Спасовска во продолжение за да дознаете зошто е најубаво она што е „Забрането“!?
Marija Spasovska – Zabraneto (Official Video)
Marija Spasovska
Antonio sent 12 photos