Вести

Марија со години работеше во клубот Пулс, тука и згасна нејзиниот живот – најблиските се збогуваат од неа

Беше млада, секогаш насмеана и сакаше да патува...

Advertisement

Големата трагедија што се случи во Кочани го зави во црно овој град, па и цела Македонија, а потресен е и регионот.

Бројни новинарски екипи од соседството, но и од целиот свет се присутни на лице место и известуваат за големата несреќа и последиците од неа, но и за младите жртви што настрадаа во страшниот пожар што се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март.

Advertisement

Една од нив, како што објавија и медиумите од соседството, е и убавата Марија Шопова која со години работеше во ноќниот клуб „Пулс“.

Таа најверојатно кобната вечер била на работа во дискотеката, а по несреќата нејзините родители неуморно ја бараа.

Advertisement

На социјалните мрежи нејзините другарки со голема болка се збогуваат од неа, а некои споделуваат заеднички црно-бели фотографии.

Под секоја од овие објави има бројни тажни коментари на кои најмногу оние што ја познаваа изразуваат сочувство до семејството.

Истата тажна глетка е и на профилите на многу други млади лица чии животи прерано згаснаа кобната ноќ во Кочани.

Нивните пријатели со голема болка се збогуваат од нив, а се шират и тажни снимки на ТикТок во нивно сеќавање.

Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани настрадаа најмалку 59 жртви.

Несреќата се случи откако прскалките кои биле користени како светлечки ефекти на концертот на ДНК, го запалија таванот на клубот, по што пожарот брзо се прошири и го зафати целиот простор.

Во моментот на несреќата во клубот имало преку 500 лица, а во просторот немало врата за итни случаи и пожари, така што многумина не успеале на време да го напуштат просторот и настрадале од огнот и чадот.

@in7.tv0

#Koçan #Diskoteka #MaqedoniaVeriut #Pacient #Shëndetësia

♬ Twenty One Pilots Hometown Slowed Sad Part – Half Angel Half Devil

По несреќата покрај големиот број загинати во болниците во Штип, Кочани и Скопје се пренесени преку 150 лица, а потоа голем број од нив се префрлени во болниците во соседните земји.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button