CelebrityTV

Марија Шерифовиќ конечно се огласи за трансферот кај конкуренцијата – од септември…

Марија се огласи преку својот инстаграм-профил со јасна и одлучна порака.

Advertisement

Откако неодамна ја напушти својата долгогодишна позиција во жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Марија Шерифовиќ се најде во фокусот на јавноста.

Набргу по таа одлука, почнаа шпекулации дека би можела да се појави во конкуретскиот формат „Пинкови ѕвезди“, особено откако и Драган Стојковиќ-Босанац објави дека заминува од „Гранд“ и преминува токму таму.

Advertisement

За да ги прекине сите претпоставки и медиумски интерпретации, Марија се огласи преку својот Инстаграм профил со јасна и одлучна порака:

„Најубаво би замолила сите луѓе од медиумите и од естрадата апсолутно повеќе да не ме ставаат во какви било конотации во врска со телевизиски формати, музички натпреварувања. Значи, јас од месец септември нема да бидам во никаков жири на ниту еден телевизиски формат, затоа што дојде време да одморам, а единствениот кандидат што ме интересира е Шерифовиќ Марио“ – напиша пејачката.

Со ова, Шерифовиќ стави точка на сите гласини, јасно ставајќи до знаење дека моментално нема намера да биде дел од било кое телевизиско музичко шоу.

Advertisement

По нејзиното заминување, како и заминувањето на Босанац, раководството на „Гранд“ започна преговори со нови музички имиња. Според српските медиуми, во игра се Сузана Јовановиќ – сопругата на покојниот Саша Поповиќ, и Лепа Брена, кои се разгледуваат како потенцијални засилувања за новиот состав на жирито. Од септември, веќе е потврдено дека Дара Бубамара ќе биде дел од постојаниот жири-тим.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button