Марија „распали“ по оперскиот пејач од Македонија – Дипломата фрли си ја во канта, му порача пејачката
И додека едни го критикуваа, Ѓорѓе го сакаше во својот тим, но младиот пејач реши да ја избере Цеца Ражнатовиќ...

Никола Зацески од Битола со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“ им ги подели мислењата на претставниците на жирито.
Тој „заработи“ три паник-копчиња од хејтерската тројка како што ги нарекуваат колегите Мили, Марија и Босанац, додека од Снежана, Цеца и Ѓоле доби поддршка така што мислењата беа поделени.
И додека Мили го критикуваше неговиот настап и тоа што имаше трема, Никола откри дека е оперски пејач, по што Ѓорѓе Давид му порача дека со него може многу убаво да се игра и дека би сакал да го избере него.
Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од друга страна, Марија Шерифовиќ која исто така му даде „паник“, беше крајно сериозна во критиката што му ја даде на пејачот.
.
„Не можам да сфатам како некој што има било каков вид барем малку посериозна музичка едукација може да фалшира. Те молам повеќе тоа да не си го дозволиш. Отиде и дипломата, отиде сé по ѓаволите, фрлија дипломата во канта. Стилски не ја пронајде сопствената мерка, од традиција до нешто модерно, сето тоа изгледаше како турли-тава“, беше остра Марија Шерифовиќ кон Никола.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
На крај, иако сите беа согласни дека Ѓорѓе Давид е совршен ментор за нето, Никола сепак реши да биде во тимот на Цеца.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд